Samsung во 2019 година го приближува светот со 5G мрежата со тоа што испорачува повеќе од 6,7 милиони Galaxy 5G уреди

Samsung во 2019 година го приближува светот со 5G мрежата со тоа што испорачува повеќе од 6,7 милиони Galaxy 5G уреди

Објавена во: После „Школо“ // PR

– Samsung Electronics Co., Ltd.во 2019 година испорачаповеќе од 6,7 милиони Galaxy 5G паметни телефони насекаде низ светот, пружајќи можност да се искуси брзината на перформансите на мрежата на новата генерација[1]. Од ноември, минатата година, Samsung имаше 53,9 проценти удел во глобалниот маркет на паметни телефони[2], предводејќи ја индустријата со понуда од дури 5 Galaxy 5G уреди - S10 5G, Note10 5G и Note10+ 5G, како и неодамна лансираниот A90 5G iFold 5G.

„Корисниците едвај чекаат да ја искусат 5G мрежата и многу сме горди што можеме да им понудиме разни видови на телефони кои ја поддржуваат оваа мрежа“-изјави ТМ Roh, претседател и директор за развој и истражување во одделението за IT и мобилна комуникација во Samsung Electronics Co., Ltd. „За нас 2020 година ќе биде година каде што во центарот на вниманието ќе бидат Galaxy 5G уредите, затоа што ќе воведеме 5G и во уште неколку други категории на уреди“.

Galaxy Tab S6 5G ќе биде достапен во Кореа на први март оваа година и тоа воедно ќе биде и првиот 5G таблет во светот, кој со силата и перформансите на Galaxy Tab серијата ќе донесат неверојатна брзина[3]. Со својот премиум дисплеј, мултимедијалните капацитети, а сега и со 5Gтехнологијата, ќе понуди можност за присуство на висококвалитетни видео конференции, како и премиум искуство за гледање на содржини во живо или стримување на онлајн игри.

„5G паметните телефони опфатија еден процент од глобалната продажба на паметни телефони минатата година. 2020 ќе биде годината на нивниот пробив, со предвиден раст од 1.687 проценти и 18 проценти удел во светската продажба на паметни телефони, “ изјави Neli Shah, потпретседател во одделот за истражување во компанијата Counterpoint Research. „Samsung е една од компаниите кои го насочија развојот на 5G пазарот во 2019-та година, со решенија како 3GPP стандардот, полупроводниците, мобилните уреди и комплетната мрежна опрема. Со многубројните можности за развој на 5G технологиите, Samsung е во сјајна положба во наредната деценија да ја зацврсти својата позиција во новите инвестиции и трендовите што доаѓаат.“

Скоро цела деценија Samsung работеше на тоа да 5G технологијата од лабораториски услови ја примени во секојдневниот живот, преку блиска соработка со операторите, регулаторните групи и владините агенции. Како водечки соработник во индустриските групи како што се 3GPP и O-RAN Алијансата, Samsung е посветен на отворена соработка која допринесува до забрзан развој на 5G мрежата и нејзиното доближување до корисниците и компаниите. Во текот на минатата година, според лансирањето на широк асортиман 5G уреди, компанијата остварила и неколку историски потфати како обезбедување опрема за првата комерцијална 5G мрежа на светот во Кореја и остварување тесна соработка со светските партнери по повод ширење на 5G мрежата, преку презентација на автентични 5G искуства и можности.

Во тековната година, Samsung преку претставувањето на новите достигнувања кои уште толку ќе ја подобрат брзината, перформансот и безбедноста на Galaxy 5G уредите, ќе продолжи да ги предводи 5G иновациите. Во 2020 овие подобрувања, на уште поголем број корисници, ќе им овозможат пристап до нови мобилни искуства кои ќе го променат начинот на кој гледаме филмови, телевизијата или спорт, играме видео игри или разговараме со семејството и пријателите.

За повеќе информации за Samsung Galaxy 5G уредите посетете ги news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или www.samsung.com/galaxy.


[1] Според официјалните Samsung податоци за испорака на телефонот

[2] Counterpoint Research: Monthly Market Pulse – Global 5G Smartphone Shipments from January to November 2019

[3] Потребна му е оптимална 5G мрежа. 

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: