Samsung во партнерство со Netflix сними краток филм инспириран од хит серијата Stranger Things со помош на Galaxy S22 Ultra
Како дел од најновата соработка со Netflix, Samsung ги користи Nightography карактеристиките на S22 Ultra и ја одбележува премиерата на четвртата сезона од познатата серија
Компанијата Samsung Electronics го претстави краткиот филм „Make STRANGER Nights Epic“ (создадете епски ‘ЧУДНИ’ ноќи), кој ги користи напредните Nightography функции на камерата Galaxy S22 Ultra во чест на популарната серија на Netflix „Stranger Things“. Ова видео е дел од тековната соработка на Samsung со Netflix и е достапно на социјалните медиуми на Samsung, а пристигнува веднаш по започнувањето на четвртата сезона на Stranger Things на оваа стриминг платформа.
Во краткиот филм, темата инспирирана од серијата Stranger Things служи како соодветна позадина за прикажување на сите придобивки од функцијата Nightography на Galaxy S22 Ultra. Во четвртата сезона на Stranger Things, ноќта отвора портал конеден необичен свет - а S22 Ultra се користи за да го долови посебениот стил и да раскаже филмска приказна која покажува како технологијата на Galaxy има моќ да го покаже сето она што би останало незабележано во мракот.
Нека ноќта биде епска
Во краткиот филм Make Stranger Nights Epic, млада девојка го става својот Samsung Galaxy S22 Ultra во задниот џеб додека се вози со велосипед до куќата на својата пријателка, каде заедно со друштвото ќе го гледаат Stranger Things 4. За време на возењето случајно се вклучува функцијата за снимање на видео и почнува да се снима сè она што се крие зад неа во ‘Обратниот свет’. Сите сцени во вертикалната положба на телефонот се снимени со Samsung Galaxy S22 Ultra[1].
Овој краток филм ги прикажува моќните карактеристики на функцијата Nightography на камерата на Galaxy S22 Ultra, вклучувајќи главна камера од 108 MP и неверојатен сензор од 2,4 um пиксели поддржан од напредната вештачка интелигенција (AI), овозможувајќи повеќе светлина и податоци за посветли, поостри видеа и дење и ноќе.
Создавање на галаксија со извонредна содржина
Samsung и Netflix веќе долго време се партнери и соработуваат на специјални кампањи за некои од најпопуларните серии на оваа стриминг платформа. Во јануари започнаа интегрирана кампања за втората сезона на серијата „Емили во Париз“, каде што обожавателите можеа да го „прелистат сценариото“ и да станат главен лик на нивниот сопствен анимиран постер преку Samsung Galaxy Z Flip 5G.
Samsung и Netflix, исто така, копродуцираа краток филм за играната серија „Бриџертон“ по повод премиерата на Galaxy S22 серијата на настанот Unpacked во февруари. Во овој три минутен скеч, пронаоѓачите се обидуваат да го привлечат вниманието на кралицата Шарлот од Бриџертон. Пронаоѓачот Лорд Тристер успева во тоа кога ќе го прикаже својот визионерски изум - огромни неокласични слики од Galaxy S22 Ultra кои ќе бидат достапни за 209 години.
Samsung и Netflix најавуваат продолжување на соработката за создавање висококвалитетни содржини кои корисниците ги препознаваат и ценат.
По првиот дел од четвртата сезона на серијата Stranger Things, чија премиера беше во мај, премиерата на Samsung на краткиот филм Make STRANGER Nights Epic доаѓа веднаш по официјалниот трејлер за вториот дел од сезоната, кој ќе биде достапен од 1 јули. Краткиот филм Make STRANGER Nights Epic можете да го погледнете на YouTube каналот на Samsung.
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com
За Netflix, Inc.
Нетфликс е водечка светска стриминг сервис за забавна содржина со 222 милиони претплатници во над 190 земји кои уживаат во ТВ серии, документарни и играни филмови и мобилни игри од различни жанрови и јазици. Претплатниците можат да гледаат колку што сакаат, во секое време, каде било, на кој било екран поврзан на Интернет. Тие можат да играат, паузираат и да продолжат да гледаат без реклами или обврски.
[1] Снимено со Galaxy S22 Ultra. Квалитетот на снимањето може да зависи од надворешните услови. Во постпродукцијата беа додадени снимки од задниот џеб и суштества од Stranger Things за илустративни цели.
* ПР - објава