Сара Јо проговори за својата реакција и изразот на лицето во моментот кога ја прогласија Констракта за победник
„Секако дека имаше разочарување, бидејќи дадовме сѐ од себе“ - кажа пејачката...
Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо не успеа да победи на изборот за „Песна на Евровозија“ во Србија и заврши како второпласирана, а кога Ана Ѓуриќ Констракта беше прогласена за победничка, сите го коментираа изразот на лицето на Сара.
За реакцијата на Јовановиќ со денови се зборуваше, а Сара сега откри како се чувствувала во тој момент и зошто ја имала таа „лажна насмевка“.
„Искрено, јас во тој момент размислував колку ќе ми ги зумираат подочњаците додека ја прогласуваат победничката, бидјеќи знаев што се очекува и што се бара во тој момент, некои луѓе дефинитивно погрешно го протолкуваа“ - изјави Сара, а потоа додаде:
„Секако дека имаше разочарување, бидејќи знаеме дека дадовме сѐ од себе, но со оглед на тоа дека сум луд перфекционист на мене ми беше најважно кога ќе излезам на таа сцена, да бидам задоволна и му благодарам на Бога, така и беше. Секако дека беа вклучени емоциите, но далеку од тоа дека бев толку очајна“.
За Констракта и победничката песна „In Corpore Sano“ мисли сѐ најдобро, како и дека ќе оствари висок пласман во Торино.
„Тоа никогаш не се знае, но мислам дека автентичноста, Констракта ќе ја доведе до висок пласман, до првото место. Сметам дека Констракта отсекогаш била олицетворение на автентичноста“ - кажа Сара Јо за „Гранд Онлајн“.