Сара Јо среде Евровизија објави видео кое ја збуни: Дали претставничката на Ерменија ја украла нејзината идеја?
Пејачката Сара Јо се огласи среде емитувањето на првата полуфинална вечер на Евровизија, а нејзината објава на социјалните мрежи ги збуни сите.
Имено, таа замислено гледа на страна, додека на телевизорот се гледа претставничката на Еминија, Роса Лин, а многумина на различни начини го протолкуваа овој нејзин потег.
Меѓутоа, судејќи по коментарите, Сара на корисниците на социјалните мрежи само сакала да им покаже дека претставничката на Ерминија направила плагијат од нејзиниот настап.
„Шокирана?“, „Ти би го направила тоа подобро“, „Навредена“, „Се гледаме на суд“, „Од Ерменија сум, но ти си подобра“ - се редеа коментарите.
За потсетување, на Сара за малку ѝ избега можноста да ја претставува Србија на Евровизија, кога на националното натпреварување заврши како второпласирана.
Видеото за кое зборуваме, може да го погледнете во продолжение:
— Sara Jo (@MissSaraJo) May 10, 2022
фото: Принтскрин / Твитер