Сцените од погребот на мајка му го болат и денес: Принцот Хари откри која траума му го променила детството
Пред неколку години за време на едно телевизиско гостување принцот Хари се присети на трагичната загуба на неговата мајка, принцезата Дајана, но и на она што морал да го почитува за време на погребот...
Трагичниот крај на принцезата Дајана, во далечната 1997 година во Париз, го погоди скоро целиот свет, а сообраќајната несреќа во која го изгуби животот и денес не е до последен детаљ разрешена.
Најголема болка и тага доживеа нејзиното семејство, особено малолетните синови Хари и Вилијам, кои се сеќаваат на погребот, иако биле само деца.
Принцот Хари во 2017 година, во едно јавно интервју се присети што доживеал на само 12 години на погребот на неговата мајка, а тоа му создало траума која и денес понекогаш го прогонува.
„На погребот на мајка ми бев присилен да одам зад ковчегот, сметам дека од ниту едно дете не би смеело да се побара нешто такво, без оглед на околностите“ - кажа Хари со тага во очите.
Во друштво на постариот брат, татко му Чарлс и дедо му Филип, присуствувал на кралскиот погреб, следејќи го ковчегот за време на поворката низ лондонските улици.
„Мојата мајка само шт опочина, а јас мораше да препешачам долг пат зад ковчегот во кој таа лежеше, опкружен со илјадници луѓе кои ме гледаа, како и милиони луѓе на малите екрани“ - изјави принцот Хари во екслузивното интервју за „Newsweek“.
Хари исто така кажа дека времето поминато во Авганистан му помогнало да се соочи со смртта на мајка му и непоправливата загуба.
Тој откри дека Авганистан бил моментот кога сфатил дека мора да се соочи со проблемите кои ќе му се најдат на патот и дека Параолимписките игри Invictus Games, кои ги основал за ранетите војници, му биле „мелем за рани“.