Се борел со дишењето: Принцот Вилијам со тешки симтоми тајно го прележал коронавирусот

Се борел со дишењето: Принцот Вилијам со тешки симтоми тајно го прележал коронавирусот

Објавена во: Живот // Живот

Принцот Вилијам во април бил негуван од страна на тим лекари на кралското семејство, а тој се изолирал во семејната куќа во Анамер Хил...

Принцот Вилијам уште во април го прележал коронавирусот, но не сакал да ја вознемирува јавноста и дури сега откри.

Војводата од Кембриџ бил заразен со Ковид - 19 во истиот период кога бил и неговиот татко, принцот Чарлс, како и премиерот на државата Борис Џонсон, па кралското семејство одлучило дека со неговата здравствена состојба не треба дополнително да шири паника.

Кралското семејство за тоа јавно никогаш не проговорило, пишува британскиот „The Sun“.

„Вурусот го „удри“ прилично силно. Првично беше шокиран, бидејќи е млад и нема здравствени проблеми, а во една фаза се мачеше и со дишењето, што ги уплаши сите членови на кралското семејство. Со оглед на тоа дека и сам почувствува колку вирусот може да биде незгоден, ги подржува новите мерки кои се воведуваат во Велика Британија“ - раксажа за медиумите извор близок до кралското семејство.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: