Се борев со стресно растројство по мојот мозочен удар: Бибер искрена за здравствените проблеми

Се борев со стресно растројство по мојот мозочен удар: Бибер искрена за здравствените проблеми

Објавена во: Stars // Музика

Американската манекенка Хајли Бибер изјави дека имала одредени симптоми на посттрауматско стресно растројство откако доживеала мал мозочен удар минатата година.

Сопругата на познатиот пејач Џастин Бибер раскажа како нејзиното ментално и физичко здравје влијаело врз неа откако минатата година доживеа мозочен удар.

„Потоа, се борев со анксиозност. Се борев со симптоми на ПТСН како и од стравот дека може да се повтори“, открива Хајли.

Манекенката рече дека била во Палм Спрингс кога доживеала мозочен удар и добила итна медицинска помош минатиот март, а помислата на настанот била премногу за да може да се раскаже се на подкастот. Таа додаде дека тоа е дефинитивно најстрашното нешто низ кое поминала.

„Но, мислам дека добрата страна за мене е тоа што ме наведе да откријам дека имам дупка во срцето“, рече 26-годишната манекенка, која направи голем здравствен скок.

Хајли и Џастин Бибер отсекогаш биле отворени и искрени со фановите за нивните здравствени проблеми. Не многу долго по нејзините здравствени проблеми, на Џастин му требаше и медицинска помош додека се бореше со состојбата поради која едната страна од лицето му беше привремено парализирана.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: