Се чувствувам гордо и среќно: Симон Трпечески за неговата ќерка која оваа година ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

Се чувствувам гордо и среќно: Симон Трпечески за неговата ќерка која оваа година ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг

Објавена во: Stars // Музика

На крајот на јуни, јавниот радиодифузен сервис Македонската радио телевизија преку соопштение ја извести јавноста дека Лара Трпеческа и Ирина Давидовска се избрани за претставници на нашата држава за Јуниорскиот Евросонг 2022

Ова дуо, било избрано по предлог на Комисијата, на отворена аудиција во студиото на МРТ.

Сега, неколку денови подоцна, се огласи и таткото на Лара Трпеческа, маестро Симон Трпчески, кој не ја криеше гордоста.

„Се чувствувам гордо и среќно - по официјалното објавување дека ќерка ми Лара е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг оваа година! Со среќа Лара и Ирина!“ - напиша Симон на својот Фејсбук профил, каде додаде и неколку фотографии од својата наследничка.


Инаку, Јуниорската Евровизија оваа година ќе се одржи на ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван, Ерменија

фото: Фејсбук

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: