Ќерката на Симон Трпчески, Лара во дует со Ирина Давидовска ќе нѐ претставуваат на Јуниорскиот Евросонг 2022

Ќерката на Симон Трпчески, Лара во дует со Ирина Давидовска ќе нѐ претставуваат на Јуниорскиот Евросонг 2022

Објавена во: Stars // Музика

Ќерката на Симон Трпчески, нашиот пијанист со интернационална слава, Лара Трпческа заедно со Ирина Давидовска во дует, ќе нѐ претставуваат на Јуниорскиот Евросонг 2022, што ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван, Ерменија.

Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија вчера во Фејбук соопштение извести дека се избрани Лара Трпческа и Ирина Давидовска за претставници на Република Македонија на Јуниорски Евросонг 2022 година по предлог на Комисијата, а по претходно одржана Аудиција.

- Дуетот Лара Трпческа и Ирина Давидовска, поддржани од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставуваат Република Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2022 година што ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван, Ерменија - стои во соопштението.

Дуетот бил избран на отворена аудиција во студиото на МРТ. 

Пред пет денови пак, Трпчески гордо објави дека се исполнила неговата долгоочекувана желба, откако почна катастрофата на човештвото пред 2 години (корона пандемијата што се’ уште не е стопирана...). Тој со ќерка му Лара и колегите од МАКЕДОНИСИМО, во форма на музичка порака од децата и младината – до децата, младината и најважно – возрасните, за мудрост преку која ќе процвета подобар свет, ја изведоа „За овој свет“ – песната што ни припаѓа на сите!


А Лара оваа година заедно со татко ѝ настапи и на Златна Бубамара на популарноста.


Ирина Давидовска иста така има настапувано на „Златна бубамара“, во детскиот мјузикл "Земјата во која не се стигнува".



Ова е првпат Македонија да одржува аудиции за Јуниорска Евровизија од 2019 година, кога Мила Москов со песната „Оган“ ја претставуваше нашата земја.

Додека минатата година пак, Дајте Музика ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија 2021 година со песната „Green Forces“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: