Се извинувам, можам сама да се облечам, само дајте ми уште една шанса: Јутјуб ѕвездата погрешно го облече фустанот

Се извинувам, можам сама да се облечам, само дајте ми уште една шанса: Јутјуб ѕвездата погрешно го облече фустанот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Поради оваа грешка сите ѝ се смеат...

Јутјуб ѕвездата Тефи Песоа ги интервјуираше познатите на црвениот килим на премиерата на филмот „Dina“ во Лондон, а на себе носеше дизајнерски фустан на Силвиа Асторе. Долгиот, кадифен фустан со долги ракави имаше отвор во форма на круг од левата страна, кој на инфлуенсерката ѝ откриваше дел од ногата. Меѓутоа, ногата требало да помине низ тој отвор.

„Луѓе, ќе полудам. Ви благодарам на поддршката, но јас само што дознав дека ногата требало да ја протнам низ отворот“ - го започна Тефи видеото на кое се гледа фотографијата од настанот.

„Бев на црвениот килим и не знаев. Зошто не би знаела да се облечам? Па сега сум возрасна личност“ - се запраша Тефи.

За овој фустан, Тефи доби само пофалби, но навистина побара да ѝ се даде уште една можност каде ќе се облече како што треба.

„Кога ќе ви кажам дека би можела да умрам. Се извинувам, можам сама да се облечам, само дајте ми уште една шанса“ - кажа Песоа низ насмевка.

@hellotefi

LMAO WHYYYYYY BRO

original sound - hellotefi

Тефи се смееше на своја сметка, а нејзиното видео има повеќе од 4 милиони прегледи и набрзо стана вирален хит.

фото: Profimedia

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: