Се капам само два пати месечно: Од 10 години се бори со необична алергија
Теса Хансен Смит, студентка од Калифорнија одлучи да ја сподели својата приказна за необичната алергија - на вода.
Секое туширање, потење или плачење и предзвикува болен осип. Алергијата на вода е многу ретка дијагноза која погодува помалку од 100 луѓе во светот, а оваа 21 - годишна девојка е една од нив.
Осипот, мигрените и температурата се појавуваат само неколку минути откако Теса ќе дојде во контакт со вода. Ова ја спречува да се занимава со спорт или со обврските на факултет, бидејќи доколку се испоти, кожата и станува црвена и почнува да ја чеша. Хансен се тушира само два пати месечно, а дури и голтка вода може да и создаде непријатни секунди за телото.
„Многу е тешко да се живее со оваа дијагноза, алергична сум на сопствените солзи, плунка и пот. Морам да внимавам на топлината и спортските активности, бидејќи инаку доаѓам на факултет со мигрена, температура и осип, а многу ми е тешко да се сконцентрирам кога ги имам овие симптоми.
Оваа дијагноза Теса ја добила на 10 години, а првите симптоми се појавиле од 8 години, кога после секое туширање и капење добивала осип. Нејзините родители се посомневале дека е алергична на сапун или пак на шампонот кој го користела.
„Мојата мајка е докторка, па веднаш имаше теорија што би можело да биде причината за осипот. Малку по малку престанав да користам одредени производи за да откријам на кој сум алергична. За да ми се намали осипот, се напив таблети за алергија и ми помогна, но оваа болест станува се полоша со текот на годинатаните, па така таблетите повеќе не ми делуваа.“