Се обиделе да се сокријат за време на заедничкото излегување, но безуспешно: Дали Џиџи и Леонардо се повторно заедно? (ФОТО)
Дали станува збор за обновување на старата романса или актерот и манекенката се само добри пријатели?
Обожавателите се убедени дека сепак има нешто повеќе помеѓу Џиџи Хадид и Леонардо Дикаприо. Како инаку би се објаснило нивното заедничко одење на вечера?
Како што пишува „Page Six“, филмската ѕвезда и супермоделот биле видени како излегуваат од италијански ресторан на Менгетен во доцните ноќни часови.
Прв излегол Леонардо, а неколку минути подоцна Џиџи. Двајцата биле прилично маскирани за никој да не ги препознае. Актерот бил облечен во црно, со капа на галвата и лице прекриено со маска. Џиџи исто така имаше безуспешен обид да го сокрие лицето со капа.
Leonardo DiCaprio and Gigi Hadid Leave Same NYC Event Minutes Apart https://t.co/x7FRwvS5yQ
— TMZ (@TMZ) May 5, 2023
Тие двајца никогаш не проговорија за натписите во медиумите и наводите за врска, за која сè уште се шпекулира и се зборува од септември 2022 година. Блиски извори потврдија дека двајцата се обдиеле, но дека нивната врска никогаш не станала премногу сериозна, поради различните распореди во животот.
Сепак, изгледа дека тие сè уште се гледаат, ако не на романтичен начин, тогаш барем како пријатели.
фото: Принтскрин / Инстаграм