Се облекува како Црногорец, така и тие носат тренерки: Анџелина Џоли проговори за својата ќерка која сакаше да стане момче

Се облекува како Црногорец, така и тие носат тренерки: Анџелина Џоли проговори за својата ќерка која сакаше да стане момче

Објавена во: Совети // Семејство

Шајло, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит која сакаше да биде момче, по признанието на нејзината мајка се облекува како Црногорец, а актерката раскажа уште некои детали поврзани за нејзината желба да го смени полот.

Од сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло е најчеста тема во медиумите и јавноста. Причината за тоа е тоа што уште како мала, се однесуваше како момче, па дури носеше и облека за момчиња и бараше да ја ѝ се обраќаат со Џон. Се зборуваше дека сѐ било подготвено за операцијата за промената на полот, како и дека Анџелина и Бред ја поддржуваат, а потоа сѐ се промени минатата година, кога со мајка ѝ се појави на црвениот килим - нашминкана и во фустан.

Светот не можеше да престане да гледа во убавата Шајло, која е совршена комбинација од Џоли и Пит, меѓутоа, само неколку месеци подоцна, тинејџерката ја скрати косата, со што повторно ги отвори прашањата за нејзиниот родов идентитет.

И додека некои луѓе ваквата сериозна тема ја нарекуваат „помодарство“, Анџели во интервју од 2010 година објасни дека Шајло навистина мислела дека е момче. Тогаш еден новинар на „Vanity Fair“ ја праша што се случува со нејзината ќерка.


„Сметаме дека Шајло се облекува како Црногорец. Таму луѓето сакаат тренерки, обични костуми. Значи, тоа е костум со вратоврска и сако и панталони или тренерки. Сака да се облекува како момче. Таа сака да биде момче. Па моравме да ѝ ја скратиме косата. Мисли дека е една од браќата“ - кажа тогаш актерката.


Анџелина продолжи да го брани стилот на својата ќерка и во разни други интервјуа. 

„Мислам дека е фасцинантна. И јас никогаш не би била родител кој би присилил некого да биде нешто што не е. Мислам дека тоа е само лошо родителство“ - изјави таа за „Ројтерс“.

Таа посочи и дека на децата „треба да им се дозволи да се изразат на кој начин сакаат, без никој да ги осудува“, додавајќи дека тоа е важно искуство за нивното растење.


Многумина се прашуваа дали тоа влијаело Шајло да биде одгледана како момче, а со оглед на тоа што сето тоа се одвивало во време пред трансродизмот да стане широко прифатен. Да не зборуваме дека многу родители своевремено покажуваа загриженост за Шајло, па дури ги обвинуваа Бред и Анџелина дека манипулираат со неа.


фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: