„Се однесува како да му е девојка, а сите се ужаснати од тоа што го направи“: Видео од мајка и син го урна Инстаграм
Самохраната мајка Амбер Лунд-Рајт неодамна објави навидум обично видео, но тоа крена голема прашина на социјалните мрежи. Оваа Американка сподели видео на кое го прегрнува својот син по неговиот успешен натпревар, но не на вообичаен начин. Многумина оваа сцена ја протолкуваа како непримерна, односно во неа видоа невкусна сексуализација на односот мајка-син.
Видеото предизвика толку големо внимание што беше прегледано повеќе од 10 милиони пати, иако самата Амбер не е јавна личност, иако се занимава со создавање содржини за социјалните мрежи. Убавата русокоса е многу горда на својот син Брикс и често објавува фотографии и видеа од овој млад американски фудбалер.
На спорното видео таа му летнала во прегратка по натпреварот, по што тој ја кренал а таа ги обвила нозете околу него. Заедно со ова видео таа напиша и емотивна посвета. „Кога отидов да го гушнам моето момче, тој веднаш ме крена и само ме држеше. Можеби беше 20, 20 секунди или минута, немам поим. Но во тој момент времето застана. Искрено не знам што направив за да те заслужам, Брикс, но благодарна сум на тебе секоја секунда од секој ден“, коментира таа.
И додека за некои ова беше емотивна и трогателна глетка и сведоштво за приврзаноста на синот кон мајка си, многумина беа шокирани од сцената и не се двоумеле да ѝ одржат лекција на оваа Американка. Под видеото имаше илјада злонамерни коментари кои се сведуваат на едно исто - дека ваквото однесување е непримерно за мајка и син.
„Ова е малку над врвот, мамо... Само држи ги нозете на земја и ќе бидеш добро“, „Нема ништо лошо во прегратката, но твоите стапала не треба да ја напуштат земјата“, „Бев буквално убеден дека си му девојка, а не мајка“, „Само знам дека сите негови идни девојки ќе имаат голем проблем“, „Ах, еве една од ТИЕ мајки“, „Идната сопруга на ова мало момче нема шанси“, „Јас „Првата љубов на мојот син“, се само дел од коментарите.
Амбер не остана имуна на ваквите коментари, па реши да ги замолчи. „За оние кои се вознемирени од моето видео и размислуваат за тоа, да објаснам. Син ми сам ме крена и ова видео е снимено на крајот на моментот. Не скокнав врз него. Ако имате нешто против затоа што син ми сакаше да ме земе в прегратка и да ја гушне мајка си по прилично интензивна игра, можеби треба да се запрашате што, по ѓаволите, не е во ред со вас и зошто вашиот ум оди во таа насока“, напиша таа.
Што мислите - дали оваа прегратка е претерана?
ФОТО: Инстаграм принтскрин