Се огласи сестрата на Бритни Спирс: Таа ја има мојата поддршка, јас не зависам од нејзините пари

Се огласи сестрата на Бритни Спирс: Таа ја има мојата поддршка, јас не зависам од нејзините пари

Објавена во: Совети // Семејство

Џејми Лин Спирс, помладата сестра на Бритни Спирс, вчера се огласи на Инстаграм, наведувајќи дека ги поддржува напорите на сестра ѝ да се ослободи од старателството.

Иако во нити еден момент ова не го кажа експлицитно, ниту го искоментира однесувањето на нејзиот татко, Џејми наведе дека сè што сакала отсекогаш е нејзината сестра да биде среќна.

Мислам дека е и повеќе од јасно дека од денот кога сум се родила ја сакам, обожувам, поддржувам, мојата сестра. Таа беше моја поголема сестра пред сите овие глупости. Не ми е грижа дали сака да побегне во прашума и да роди милијарда бебиња или сака да се врати и да завладее со светот онака како што го правеше тоа повеќе пати досега“ - кажа.

„Во двата случаи, ништо не добива,, ниту губам. Оваа ситуација на никој начин не ме поѓаѓа, бидејќи сум само нејзина сестра, загрижена за нејзината среќа.“

„Свесно одбрав дека во нејзиниот живот ќе учествувам само како сестра. Можеби не ја поддржувам онака како што јавноста сака, со хаштагот на јавната сцена. Но, бидете сигурни дека ја поддржувам многу пред тој хаштаг и ќе ја поддржувам уште подолго од тоа. Работам од својата деветта година, своите сметки ги плаќам од свои 10 години. Не е дека и должам нешто на јавноста, бидејќи мојата сестра знае дека ја сакам и поддржувам. Таа е единствената личност на која сум и должна. Јас не го претставувам моето семејство - јас сум личност за себе. Зборувам во свое име. Горда сум на неа, бидејќи го користи својот глас. Горда сум на неа што побара нов бранител“ - заклучи на крај Џејми.

Пред да се огласи јавно, Лин Спирс се најде на мета на критиките од страна на обожавателите, токму поради тоа што со години молчи и не ѝ дава поддршка на сестра ѝ.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: