Се опи за да ја ублажи тремата: Лепа Брена откри како Боба ја запросил

Се опи за да ја ублажи тремата: Лепа Брена откри како Боба ја запросил

Објавена во: Живот // Живот

Љубовната приказна на пејачката Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ започнала уште од далечната 1986 година. Се венчале во декември 1991 година, а сега пејачката откри досега непознати детали за тоа како поранешниот тенисер ја запросил .

Имено, како што раскажува Брена, Боба имал голема трема кога требало да оди да ја бара нејзината рака од татко ѝ, а за да се ослободи од истата морал да испие шише жесток алкохол.

"Боба сакаше да се венчаме. Имав само еден услов, да ме побара по обичаите, но тој ни тоа не го исполни, бидејќи имаше голема трема. Се најдовме на музички фестивал во Германија. За да ја ублажи тремата испи половина шише жесток пијалок, а со другата половина тргна да ме бара од татко ми. Јас претходно го подготвив тато за да мота малку. Меѓутоа, штом Боба ја побара мојата рака, тато кажа: Деца, нека ви е со среќа. Кога подоцна го прашав зошто не направи онака како што му кажав, тој рече: Ќерко, толку ја одолговлекувате оваа врска, што помислив дека никогаш нема да се омажиш." - откри Брена.




Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: