Се подготвува свадба во кралскиот двор: Се жени внуката на принцезата Дајана
Внуката на принцезата Дајана, ќерка на Чарлс Спенсер, Лејди Амелија Спенсер, се сврши со своето момче Грег Молет. Значи, британското кралско семејство има нова венчавка на повидок!
Амелија (28) е ќерка на Чарлс Спенсер и Викторија Локвуд, а таа и Грег се верија во Јужна Африка, каде што вообичаено живеат. Тие се запознале на универзитетот во Кејп Таун, каде што студирале, а Грег на социјалните медиуми објави дека ја побарал Амелија да се омажи за него.
Еве кој го освои срцето на убавата Амелија Спенсер
"Ова беше најдобриот ден во мојот живот, 22 јули 2020 година. Ја прашав љубовта на мојот живот дали би го поминала остатокот од својот живот со мене и таа рече ДА. Не можам да бидам посреќен и те сакам со сето срце, Амелија Спенсер", напиша Грег.
Патем, позната е и сестрата на Амелија, Кити, која се ожени со 60-годишниот тајкун Мајкл Луис оваа година.
Kити и Мајкл Луисизвор:glossy.espreso
фотографии: Profimedia