Се појави фотографија стара 30 години: Како изгледала Анџелина Џоли како тинејџерка?
Актерката Анџелина Џоли многу пати гордо ја носеше титулата најубава, а сега се појави
и нејзина фотографија од младоста, па затоа многумина ја споредуваат со ангел!
Актерката, режисерка и хуманитарка отсекогаш била меѓу најубавите жени поради нејзината неоспорлива убавина. На Интернет се појави скоро 30 години стара фотографија од Анџелина Џоли, а многумина се согласија дека нејзината природна убавина е ненадмината.
Интернетот главно беше воодушевен од природната убавина на младата Анџелина, а еден од коментарите што доби најголемо одобрување беше многу краток и јасен: „Ова е најубавото човечко суштество во историјата!“
Денес, 45-годишната Анџелина, како и секогаш, работи на нови проекти, и повторно ќе се најде зад камерите за биографскиот филм на воениот фотограф Дон Мекалин.
Со две децениско искуство во хуманитарна борба за човекови права, и со многу нови уметнички проекти, јавноста на Анџелина е највозбудена што, без оглед на тоа што и носи животот, нејзиниот оган останува незапирлив.
Фото: Reuters/Инстаграм/angelinajoliewifey
Можеби ќе ве интересира:
Како зборуваше Бред за љубовта кон Анџелина: Дај ѝ го не само твоето време, туку и внимание и душа