Се појави ново вознемирувачко видео од починатата Кика: Дали раните на зглобовите укажуваат на најлошото?
Во видеото гејмерката зборувала за тоа дека ѝ тешко од љубовта и дека ѝ треба одмор од сѐ...
Јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ трагично почина во стан во Белград, вечерта помеѓу 8 и 9 декември. Шпекулациите за нејзината смрт ја преплавија јавноста, а уште на стартот почна да се зборува дека извршила самоубиство.
Меѓутоа, на социјалните мрежи сега се појави видео на кое Кика разговара со своите обожаватели, а кое е објавено еден месец пред нејзината смрт.
Она што многумина ги вознемири е тоа што на нејзините зглобови, на ова видео, дикретно под дланките на двете раце се гледаат рани.
фото: Принтскрин/trovo.liveНа прашањето кога ќе направи чекор во љубовниот живот, одговорот на Кика е исто така загрижувачки.
Како што може да се слушне во видеото, јутјуберката и тогаш имала многу негативен поглед на сѐ околу себе и зборувала дека ѝ е потребен одмор од сѐ.
„Брат, знаеш дека е тешко од љубовта, сакам само да одморам, бидејќи навистина не ми е добро. Но, го знаеш она кога навистина не ти е добро, потребен ти е само одмор од сѐ. Не можам веќе, ако ме разбираш. Значи, тешко ми е“ - зборувала во видеото Кика.
Видеото може да го видите ТУКА.
Инаку, српските медиуми, поточно порталот „24седам“ ја контактираа другарката на Кика, која сакала да остане анонимна и таа за нив откри дека допрва треба да се утврди што е во прашање, односно дека станува збор за монтирано видео.