Се присети како изгледале како деца: Ивона Јо со емотивни зборови му ја честиташе матурата на својот помал брат (ФОТО)

Се присети како изгледале како деца: Ивона Јо со емотивни зборови му ја честиташе матурата на својот помал брат (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Матурантите веќе почнаа да го прославуваат крајот на средното образование. Матурските забави почнаа да се одржуваат, а матурантите со песна да го означат почетокот на новото поглавје во животот.

Оваа година, матурант е и помалиот брат на пејачката Ивона Јо. Таа на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии накои позира со својот брат, а на кои и двајцата се скоцкани и од глава до петици.

Најголемо внимание привче фотографијата од нивното детство, која Ивона ја стави во колаж со фотографијата од матурската забава. Емотивните зборови со кои му посака сѐ најдобро беше клучна, а што му порача пејачката на својот помал брат, прочитајте во продолжение.

„Годините минуваат, а ти ми растеш. Матурант мој. Сестра само неколку збора јавно ќе ти каже, друго се ќе се договориме во четири очи.

Бирај мудро.

Слушај го своето срце.

Од денес натака веќе влегуваш во озбилни води каде сестра нема да може да вади оправдание за пропуштените часови.

Знаеш дека имаш најдобар пријател за цел живот. Те сакам“ - напиша Ивона покрај фотографиите на кои позира со нејзиниот брат.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: