Се продава куќата во која е снимана серијата „Stranger Things“: 1.5 милион долари ви се потребни за да станете сопственик на овој имот
Во четвртата сезона од серијата „Stranger Things“ на Нетфликс, на гледачите им беше претставено минатото на Векна, еден од најголемите негативци во оваа серија, а дел од тоа детство беше и морничавата куќа во која израсна ова чудовиште. Вистинската куќа која служеше како сет за снимањето на тие делови од серијата сега е на продажба.
Викторијанската куќа која во серијата „Stranger Things“ беше дом на најозогласениот негативен - Векна, сега е на продажба и може да се купи по цена од 1,5 милиони долари, пишува „People“.
Оваа куќа се наоѓа во градот Роум во американската сојузна држава Џорџија и се протега на нешто повеќе од 550 квадратни метри.
Се состои од седум простории, а нејзините сопственици одлучиле да задржат некои автентични елементи кои се рачно изработени - полици за книги, изрезбани плакари, темни дрвени подови, раскошен камин, црно - бели фотографии и уште многу други работи.
Деловите од оваа куќа кои беа користени за снимањето на серијата се трпезаријата, салонот и дневната соба, а и самиот агент за недвижнини, Џеб Арп, кој е задолжен за продажбата на оваа куќа, изјави дека „сите фанови ќе препознаат многу работи од четвртата сезона на серијата“.
Оваа куќа има голема задна тераса, а зад главниот имот се наоѓа и гостинска куќа која има три спални. Спалните соби имаат антички рамки за креветите и темни облоги, додека бањите се опремени со модерни стаклени тушеви.
Иако куќата не е опседната со духови како во серијата, Арп се пошегува дкеа новите сопственици не треба да бидат премногу изненадени кога ќе пронајдат некои останати демогоргони кои се движат по имотот.
„Ако работите станат премногу чудно, па дури и да тргнат наопаку, во близина има погребално претпријатие“ - се пошегува тој.
фото: Принтскрин / Инстаграм