Се родил 7 килограми, денес има 40 години и го нарекуваат „Џин“: Како изгледа сега најголемото бебе на светот? (ФОТО)
Кевин денес е висок 2 метри и 5 сантиметри, поради што го нарекуваат човек-џин, а кога се родил тежел 7 килограми...
Кевин Кларк се родил во 1983 година во Њу Џерси. По раѓањето имал 7,3 килограми и така се запишал во историјата како најголемо бебе кое е некогаш родено, пренесува „Курир“.
Неговата мајка, Патрисија Кларк, била многу изненадена, а првото нешто на кое помислила било тоа што ќе мора да купува поголема облека за синот.
„Мораме да одиме дома, да ги испразниме фиоките и да купиме поголема облека за него“ - кажала гордата мајка по раѓањето на Кевин.
Кевин во текот на растењето секогаш бил повисок од своите врсници. На само 12 години бил висок 170 сантиметри, а само неколку години подоцна 195.
Денес работи во војска, висок е 205 сантиметри и тежи 136 килограми. Се навикнал да биде највисоката личност во просторијата, а најголем проблем му е тоа што мора да се наведнува кога поминува низ вратите, тушевите секогаш се прекратки за него, а во поголемиот број автомобили не може ни да влезе.
Вели дека луѓето на улица често се воодушевуваат на неговата висина, па го застануваат.
„Кога се шетам по улица, луѓето ме застануваат и прашуваат колку сум висок“ - вели Кевин.
фото: Принтскрин / Јутјуб