Се сеќавате ли на најслатките близначки: Заработуваат милиони и изгледаат како бездомнички, а нивниот бурен живот ја интригира јавноста

Се сеќавате ли на најслатките близначки: Заработуваат милиони и изгледаат како бездомнички, а нивниот бурен живот ја интригира јавноста

Објавена во: Мода // Moj стил

На големите екрани последен пат имавме можност да ги видиме пред 15 години. Покрај тоа, овие 34 - годишни близнаци и денес се вбројуваат во топ 100 најбогати ѕвезди на светот.

Мери-Кејт и Ешли Олсен некогаш беа најголемите детски и тин sвезди, што ги доведе до фактот дека во 2007 година, списанието Форбс ги рангираше меѓу најбогатите жени во шоу-бизнисот со богатство проценето на 100 милиони долари. Денес нивната банкарска сметка е дури и поголема отколку што беше, па се верува дека на неа има повеќе од 500 милиони.

Последен пат на големите екрани имавме можност да ги видиме пред 15 години. И покрај тоа, овие 34-годишници сè уште се меѓу топ 100 најбогати sвезди на светот. Фасцинантен е фактот дека на само шест години тие станаа најмладите продуценти во историјата на Холивуд. Компанијата за производство на филмови, серии, списанија и видео игри „Dualstar Entertainment“ е основана во 1993 година, а четири години подоцна тие можеа да се пофалат со титулата милионерки.

Секако, продуцентската куќа во име на близначките до нивното полнолетство ја водеа нивните родители, а кога сестрите го преземаа главниот збор одлучија да направат замав во кариерата.

Фокусот се префрли од филмската индустрија кон модата, а близначките станаа истакнати промотори на бохо стилот и боемската облека. Мери Кјет влезе во историјата на модата како пионерка на „стилот на бездомници“, начин на облекување кој претпочита големи и предимензионални парчиња облека. Таа сакаше да изгради сопствена модна империја, па извесно време помина како асистентка на познатиот дизајнер Зек Позен.

Во 2006 година, близначките беа ко-основачи на врвната модна марка „The Row“, која работи успешно и денес. Тие редовно ги прикажуваат своите креации на модната недела во Њујорк, а за нивниот дизајн имаат добиено и неколку престижни награди.

Сестрите објавија дека немаат намера да се вратат во светот на глумата. Тие изразија желба да го поминат остатокот од својот живот што е можно подалеку од камерите. Бидејќи, пред нив за првпат застанаа кога имаа само шест месеци, оваа нивна желба не предизвикува изненадување. Ова е поткрепено со фактот дека близначките одбиваат да се приклучат на социјалните мрежи, па затоа немаат официјални профили на ниту една популарна апликација.

„Во моментов едноставно не ни одговара тоа“, рече Мери Кејт кога пред неколку години им беше понудено да снимаат уште еден филм.

Сепак, нивниот приватен живот беше многу интересен за медиумите во неколку наврати. Ова е особено се однесува за помладата Мери Кејт, чиј љубовен живот редовно ги исполнува страниците на жолтиот печат. Некои медуми ја поврзаа со смртта на актерот Хит Леџер, со кого во тоа време наводно била во љубовна врска. Имено, откако масерката го пронашла актерот без свест во неговиот стан во Њујорк на 28 јануари 2008 година, таа прво ѕвонела двапати кај Мери Кејт , а дури потоа на Брзата помош. Потоа побарала имунитет преку адвокат, но сите можни сомневања биле отфрлени кога смртта била прогласена за случајно предозирање.

Седум години подоцна излегоа вести дека таа се омажила за 17 години постариот банкар Оливер Саркози, брат на поранешниот француски претседател Николас. Во април 2020 година, Американката, на изненадување на многумина, поднесе барање за развод.

„Таа беше фокусирана на работата, додека тој, како и многу Французи, сакаше нејзиното семејство да биде на прво место. Тој не знаеше дека не може да контролира девојче кое заработува милиони од мали нозе“ - со овие зборови близок пријател на двојката го прокоментира нивниот развод.

„Дејли мејл“ во април напиша дека ситуацијата меѓу Мери Кејт и Оливер, кои ја започнаа нивната врска во 2012 година, е многу комплицирана и дека банкарот и полубрат на поранешниот француски претседател Николас Саркози, ја принудил својата поранешна партнерка да се исели од станот каде живееле, раскинувајќи го договорот за закуп без дури да ја предупреди за тоа. Неговите адвокати на Мери ѝ кажале да се исели до 18 мај, а таа побарала продолжување до 30 мај.

Инаку, Мери Кејт еднаш спомна како бракот и помогнал да си постави приоритети во животот, па така се одвикнала од „лудиот живот“ исполнет со бескрајни забави. Познато е дека се борела со нарушувања во исхраната во својата младост, а се шпекулираше дека консумирала и наркотични средства.

Од друга страна, двеминути постарата близначка Ешли важи за „златна сестра“ во семејството Олсен. По завршувањето на школувањето, таа продолжи внимателно да работи на создавање семеен бренд за мода и пласирање придружни производи со свој потпис на светскиот пазар. Во 2005 година, таа се најде среде скандал кога, врз основа на направени фотографии, беше јавно обвинета за употреба на дрога.

Таа го тужеше неделникот што ја објави оваа сторија, по што и беше доделен надомест во износ од 40 милиони долари за нарушување на нејзината репутација. Оттогаш, нејзиното лице главно ги краси само модните страници на престижните списанија. Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, таа од 2017 година е во врска со уметникот Луис Ајснер. Близначките моментално живеат во Њујорк.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: