Сѐ што знеме за втората сезона од серијата „Еуфорија“: Датумот на премиерата, трејлерот и сценариото на новите епизоди
Во јуни 2020 година, премиерно беше прикажана серијата „Еуфорија“, за многумина шокантна и непредвидлива, а повторно болно реална. Уште од завршувањето, сите ги очекуваат новите епизоди, а сега конечно знаеме кога пристигнуваат.
Низ осумте епизоди ја следевме приказна на Руе, 17-годишна девојка која е зависна од наркотици (а, која ја глуми Зендаја). Но, нејзиниот однос со дрогата беше главен во оваа провокативна тинејџерска серија, која брзо стана хит ширум светот, не само благодарение на одличната актеркаска постава, туку и на музиката на Били Ајлиш, Мигос, Дожа Кет и Лизо и песните, кои одлично се вклопија во серијата.
Серијата ѝ донесе Еми награда на главната актерка: Зендаја на 21 септември 2020 година освои Еми за најдобра женска улога во серија од жанрот драма. Со тоа стана најмладата личност на која ова ѝ успеало и дури втора црна жена која освоила награда во оваа категорија.
Многуте провокативни сцени беа премногу за чувствителните очи на родителите ширум светот: се пишуваа петиции за укинување на серијата, но сепак, ХБО се одлучи да направи втора сезона. Па, кога ќе ја гледаме?
# Кога излегува втората сеозна од серијата „Еуфорија“?
Втората сезона на серијата Еуфорија премиерно ќе биде прикажана на 10 јануари 2022 година.
Снимањето на втората сезона започна во март 2020, веднаш откако сценаристите ја развија приказната. Сепак, поради глобалната пандемија на коронавирусот, снимањето морало да биде стопирано, па поради тоа сѐ се одложило.
# За што се зборува во втората сеозна на серијата „Еуфорија“?
Како што кажавме, приказната следи група тинејџери во средно училиште, кои се трудат да излезат од комфортната зона, што им носи различни искуства, некои убави, некои помалку убави. Првата сезона се заврши прилично отворено, што значи дека продолжението беше очигледно и тоа сите во имаа предвид.
Во втората сезона, ќе го следиме односот на Руе и Џулс по нивната разделба во првата сеозна, но и како тоа што Руе повторно користи дрога влијае на неа и нејзините пријатели.
„Кога си млад, сѐ ти изгледа трајно. Но, како стареете, почнувате да сфаќате дека ништо не е и дека сите кои ги сакате може да одлудаат“ - вели Руе во трејлерот.
# Кој ќе глуми во втората сезона на „Еуфорија“?
Засега официјално знаеме дека улогата на Руе ќе ја репризира Зендаја. Но, тоа не значи дека нема да го гледаме и остатокот од актерската екипа. Во првата сезона глумеа Хантер Шафер (Џулс Вон), Мод Апатоу (Алексис Ховард - Лекси), Ангус Клауд (Феско О'Нил), Ерик Дејн (Кал Џејкобс), Алекса Деми (Медлин Перез - Меди), Џејкоб Елрод (Натаниел Џејкобс - Нејт), Барби Фереира (Кет), Ника Кинг (Лесли Бенет), Сторм Рид (Џиа Бенет) и Алџи Смит (Кристофер Мекеј).
Тизерот за втората сеозна на серијата погледнете го продолжение: