Се смирија или ставија крај: Извор близок на Џиџи Хадид и Зејн Малик проговори за ситуацијата

Се смирија или ставија крај: Извор близок на Џиџи Хадид и Зејн Малик проговори за ситуацијата

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Дали оваа позната двојка ќе успее да остане заедно?

Веќе помина некое време откако се случи драмата Хадид - Малик, во која Зејн наводно ја удрил Јоланда, мајката на Џиџи. Тоа беше моментот кога нивниот однос се распадна и кога почнаа тужбите.

Но, што се случува сега со познатата двојка? Дали ситуацијата се реши? Решена е, но не на начин на кој обожавателите на двојката се надеваат. Изгледа дека помеѓу нив навистина е готово. Извор близок до двојката раскажа неколку ситници за „People“ кои го потврдуваат тоа.

„Џиџи е готова со Зејн. Ова е тежок период за нив, бидејќи сите се толку блиски“ - раскажа изворот, кој е близок до двојката. Додаде и дека ситуацијата ја влошува фактот што во конфликтот се вклучени две неверојатно важни личности во животот на Џиџи - нејзината мајка и таткото на нејзиното дете. Дури иако нивниот романтичен однос е завршен, раскажа изворот, Зејн е некој кој Џиџи не може туку така да го исфрли од животот.

Единствената добра работа која произлезе од ситуацијата е дека Џиџи и Бела станаа поблиски од било кога. Секако дека Бела е тука за својата сестра во оваа тешка ситуација и тоа дополнително ги зближи. Малик е обвинет дека ја зграбил Јоланда и ја турнал кон плакарот, поради што била физички повредено, но и преплашена. Дали обвинувањата се навистина точни, уште не се знае и пејачот го очекува судење.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: