Се сокри зад маска на синоќешното доделува на наградите и воодушеви: Можеш ли да погодиш која позната личност е во прашање?
Можеш ли да погодиш за која позната личност станува збор?
Изгледа дека сѐ популарно станува појавувањето на црвениот килим со маска до непрепознатливост. Откако Ким Кардашијан на Мет Гала носеше фустан кој ја покриваше од глава до петици, сега со маска се појави уште една позната личност - и додека не ја извади маската, тешко дека ќе погодите за кој станува збор.
Наскоро познатите ќе го поминуваат црвениот килим и ќе мора да погодуваме за кој станува збор. Една пејачка ги изненади сите кога синоќа се појави на црвениот килим на American Music Awards, пишува „Elite Daily“. Сите очи беа вперени во неа и тоа со причина. А, знаеш ли дека зад маската се криеше Карди Би?
Таа воедно беше и водителка на овогодинешното доделување на АМА и промени неколку модни комбинации, но овој првиот дефинитивно се впиша како највпечатлив. Златната маска на лицето и црниот вел ѝ помогнаа да се сокрие и да ги заинтригира сите. Во морето комбиниции кои ги носеше, некои беа и малку повеќе „нормални“...
Но, тоа е Карди Би, од неа не би очекувале ништо помалку. Со секое појавување на сцената покажуваше нова комбинација. Ние некогаш се изморуваме кога сме на „шопинг“ и ќе пробаме три пара фармерки, а таа во една вечер смени повеќе од 3 целосни комбинации. Обожавателите се воодушевени и по ова ѝ дадоа прекар „модна икона.
I’m very much set on Cardi B getting the next CFDA Fashion Icon Award. Her style is really next level.
— MATERIA GWORL (@LiviaTayla) November 22, 2021
Дефинитивно со своите модни комбинации ги засени сите други познати личности.