„Се степаа за да го фатат бидермаерот“: Мало девојче го извлече најдебелиот крај - ова е неприфатливо (ВИДЕО)
Свадбените обичаи варираат од земја до земја, од култура до култура, но сите имаат еден заеднички - фрлање и фаќање бидермаер. Во голема желба букетот цвеќе да заврши во нивните раце, слободните девојки „кршат раце и нозе“ за да го фатат. И тоа во буквална смисла на зборот.
Дали веруваат дека на овој начин ќе се венчаат побрзо или стана престиж да се фотографираат со фатениот бидермаер за социјалните мрежи со опис како „погоди која е следната“, веќе не е јасно, но видеото кое кружи на социјалните мрежи практично го потврдува сето претходно напишано. Имено, едно девојче за малку ќе се повредеше, бидејќи влегло во директна „битка“ со девојки многу постари и повисоки од него.
Имено, во краткото видео можеме да видиме сцена од свадба и моментот кога невестата го фрла бидермаерот кон насобраните девојки. Деверушите, кумата, другарките и едно мало девојче стојат во толпата и чекаат букетот да стигне до нив.
Кога бидермаерот го започна својот слободен пад кон заинтересираните жени, пет од нив „летнаа“ да го грабнат. Меѓу нив имаше и мало девојче.
Меѓутоа, бидејќи возрасните девојки не гледаа околу нив, туку на движењето на цвеќето, една од девојките го собори малото девојче на подот и речиси легна врз него. Видеото застанува на оваа сцена, а ние само се надеваме дека сѐ поминало без сериозни повреди.
Коментарите под видеото се безбројни и секако очекувани. Сите се прашуваа - зошто овој обичај?
фото: Твитер