Се топи во прегратките на млад актер: Били Ајлиш е во љубов?!

Се топи во прегратките на млад актер: Били Ајлиш е во љубов?!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Во животот на Били Ајлиш се случуваат големи промени и таа тоа повеќе не го крие - до неодамна носеше перика за да не покаже дека сега е русокоса, но сега веќе постојат и свежи фотографии од новата фризура на нејзиниот Инстаграм профил. Некогаш не можевме воопшто да дознаеме нешто за љубовниот живот на Били, но сега благодарение на нејзиниот документарец знаеме и кој бил нејзин поранешен партнер - можеби знаеме и кога е нејзиниот сегашен или иден, со оглед на тоа дека испливаа во јавноста неколку фотографии.

Имено, во сите медиуми веќе се појавија нејзините романтични фотографии со актерот Метју Тајлер Ворс. На фотографиите се гледа дека тие двајца го шетаат питбулот на Били. Како што пренесува „People“, ова изгледа како опуштена прошетка со кафе, но на одредени фотографии тие и се прегрнуваат, односно Били ја држи главата на рамото на Метју.


Секако, ниту една друга страна се нема огласено по овој повод во медиумите, а прашање е и дали ќе го направи тоа, особено доколку сметаме дека Били никако не сака јавноста да знае за нејзиниот живот. Метју е исто така скромен актер кој не се експонира многу - неговиот Инстаграм профил е прватен, а знаеме дека се појавил во хорор филмовите „Mother, May I Sleep with Danger?“ и „Little Monsters“.

Додека не добиеме потврда дека Били е во љубов, ве потсетуваме - нејзиното поранешно момче Брендон Адамс, попознат како Кју, се занимава со рап музика и настапува по уметничкото име 7:AMP, а Били за сево ова молчеше до својот документарец „The World's a Little Blurry“. Мислите ли дека Били ќе потврди во каков однос е со актерот?


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: