Се укинува матурата, учениците не се враќаат во училишните клупи до 10 јуни: Адеми

Се укинува матурата, учениците не се враќаат во училишните клупи до 10 јуни: Адеми

Објавена во: Совети // School zone

Владата усвои сет мерки за непречено одвивање на образовниот процес, вели министерот за образование и наука, Арбер Адеми. 

Се укинува државната, училишна матура и завршниот испит за оваа година. 

„Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование, и таа ќе има важност, како и сите други дипломи од претходните години“, додаде министерот.

Учениците од основните и средните училиште не се враќаат во училишните клупи до 10 јуни, процесот ќе се одбива преку далечинско учење.

Уписот на првачиња почнува во јуни, а списоците за запишани ученици во средните училишта ќе бидат готови до 15 јули. 

„Овој сет мерки е продуктивен во овие вонредни услови. И понатаму сме отворени за идеи. Планот не е затворен и може да биде дополнет ако нешто е во интерес на граѓаните“, вели Адеми. 

Тој објасни дека нема да има проблеми со кадарот за далечинско учење. 


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: