Сѐ за љубовта: Шон Мендес прелета половина Земјина топка за да биде со Камила
Станува збор за „couple goals“ во буквална смисла на зборот. Додека сите се сомневаа во нивната љубов, Шон направи една од најромантичните акробации на сите времиња - го прелета светот за својата девојка.
Камила Кабелјо моментално е во Лондон, снимајќи го претстојниот римејк на „Пепелашка“, но тоа не значи дека таа и Шон не го поминаа заедно првиот Ден на вљубените како двојка. Шон леташе до Лондон само за да биде покрај својата љубена, а со тоа и докажа дека тој е вистинскиот принц во оваа приказна.
Двајцата беа забележени како одат на вечера во петокот вечер. Претходно истиот ден, Шон бил забележан како шета низ Лондон, носејќи две торби со прекрасни цвеќиња и неколку чоколади. Со сигурност може да потврдиме дека тие имале романтичен ден.