Се занимава со одговорна работа, а пејачот некогаш се плашел за нејзиниот живот: Како изгледа сестрата на Милан Станковиќ? (ФОТО)

Се занимава со одговорна работа, а пејачот некогаш се плашел за нејзиниот живот: Како изгледа сестрата на Милан Станковиќ? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачот Милан Станковиќ се здоби со популарност на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, каде ја освои публиката со својот глас, но и со својата енергија и специфичен стил.

Многумина му предвидуваа успешна кариера, а пејачот почна да снима хитови.

Но, Станковиќ последниве години ретко се појавува во јавноста, помалку е активен на музичката сцена, а големо внимание привлече неговата ориентација кон религијата, а се шпекулираше и дека се замонашил.

Милан неодамна беше фотографиран на предавање во црква во Невесиње.

За време на животот и учеството во „Ѕвездите на Гранд“ најголема поддршка на пејачот му беше помладата сестра Настасија.

Таа речиси никогаш не се појавува во јавноста, а моментално работи како медицинска сестра.


Милан во една прилика објави нивна заедничка фотографија на својот Инстаграм профил, а многумина изјавија дека сличноста меѓу двајцата е голема.

Неговата сестра работи во болница, а тој еднаш во интервју за „Премиер-викенд специјал“ откри дека се плашел за нејзиниот живот поради корона вирусот.

„Поминав ноќи истражувајќи за корона, бев многу загрижен, глобално не ми се допаѓа таа приказна, а особено локално затоа што мојата сестра, медицинска сестра, е вработена во таа сфера. Кога ми ја испрати првата фотографија со сето тоа, се исплашив, но и бев горд. Завршив и средно медицинско, да не бев пејач, сигурно ќе лекував некого во моментов. Тоа е најхумана работа“ - изјави тогаш Станковиќ.

Фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: