Се запознале на состанок на слепо: Љубовната приказна на Мишел Фајфер

Се запознале на состанок на слепо: Љубовната приказна на Мишел Фајфер

Објавена во: Живот // Живот

Една од најубавите холивудски актерки Мишел Фајфер е во среќен брак со филмскиот продуцент и сценарист Дејвид Е. Кели веќе 27 години. 

Мишел и Дејвид се запознале во 1993 година, а и тоа на состанок на слепо кој им го договорила нејзината најдобра пријателка Кејт. Веќе во ноември истата година, тие се венчаа, а истата година, Мишел ја посвои ќерката Клаудија Роуз. Барањето за посвојување актерката го дала уште пред да ја запознае љубовта на својот живот. Летотото во 1994 година, таа го роди синот Џон Хенри. Пред Дејвид, Мишел беше во брак со актерот Питер Хортон, од 1981 до 1988 година, а него го запозна на курс по глума. Питер тогаш изјави дека  не успеале затоа што биле опседнати со кариерите, а помалку му биле посветени на бракот. 

Мишел и Дејвид се едни од најдолговечните двојки во Холивуд кои никогаш не привлекувале внимание со скандали. 


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: