Се зборува дека Џиџи и Зејн ќе се смират: Што е всушност вистина?

Се зборува дека Џиџи и Зејн ќе се смират: Што е всушност вистина?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Помина скоро еден месец по драмата која настана во односите на Хадид - Малик семејството, кога во јавноста се појави наводна информација дека Зејн ја удрил Јоланда, мајката на својата партнерка и манекенка Џиџи.

Од тогаш двојката наводно повеќе не е во добри односи, не живеат заедно, иако заедно се грижат за детето.

Покрај тоа што се појавија гласини дека двојката би можела да се смири, тоа не е точно: помеѓу нив е готово засекогаш, откри извор близок на двојката.

„Џиџи заврши со Зејн. Поминуваат низ тежок поериод, бидејќи беа многу блиски“ - раскажа изворот, кој додаде дека целата работа е уште полоша, бидејќи се во конфликт две личности кои се многу драги на Џиџи: нејзината мајка и таткото на нејзиното дете.

Дури иако нивниот романтичен однос е готов, раскажува изворот, Зејн и понатаму е некој кој не може туку така да го исфрли од животот.

Единствената добра работа која произлезе од целата ситуација е дека Џиџи и Бела станале поблиски од било кога. Секако дека Бела била тука за својата сестра во оваа тешка ситуација и тоа дополнително ги зближило.

Малик е обвинет дека ја зграбил Јоланда и дека ја турнал, поради што била и физички повредена, но и уплашена. Наводно пејачот добил забрана да ѝ приоѓа, но ништо не е официјално потврдено, а тоа ќе се дознае кога официјално ќе почне судењето.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: