Ја изневерил со јутјубер: Канје и Ким сепак се разведуваат

Ја изневерил со јутјубер: Канје и Ким сепак се разведуваат

Објавена во: Живот // Живот

Откако веќе неколку денови по ред се пишува за разводот на Ким Кардашијан и Канје Вест, денес одекна и веста дека тој ја изневерувал.

Имено, иако долго време се обидувале да го спасат бракот, повеќе извори за „Пејџ Сикс“ изјавија дека „разводот е неизбежен“.

Најпознатата ријалити sвезда на светот и популарниот рапер ќе стават крај на нивниот брак, пренесуваат бројни американски медиуми, а причината, наводно е Џефри Стар. Еден од најпознатите мејкап јутјубери.
Се зборува дека Канје ја изневерил Ким, токму со Џефри!

- Тие се обидуваат да сокријат сè од медиумите, но тоа е готово - истакна неименуван извор. 

Ким (40) веќе некое време не носи бурма, а Канје (42) со месеци живее на ранч во Вајоминг вреден 14 милиони долари, каде ги помина и Божиќните празници.

- Ким го испратила Канје таму да водат одделни животи и тивко решиле сè за разводот. Доста ѝ е - додаде изворот.

Минатата година, двојката се најде во центарот на вниманието на светската јавност кога Вест одржа политички митинг како дел од неговата политичка кампања за претседател на Америка. Раперот даде бројни детали за неговиот семеен живот, вклучително и дека Ким и тој размислувале за абортус кога неговата сопруга го носела нивното најстаро дете Норт, а потоа на Твитер упати бизарни обвинувања за Ким и нејзината мајка Крис Џенер. Старлетата тогаш издаде соопштение во кое се осврнува и ги поддржува здравствените проблеми на нејзиниот сопруг.

„Како што многумина од вас знаат, Кание има биполарно растројство“. Секој што имал или има таква сакана личност во својот живот, знае колку е комплицирано и болно да се разбере. Тој е одлична, но комплицирана личност чии зборови понекогаш не се совпаѓаат со неговите намери - напиша меѓу другото таа.

Двојката е во брак од 2014 година и имаат четири деца: Норт, Сент, Чикаго и Псалм.

извор:glossy.espreso.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: