Се зборуваше дека се смирила со поранешниот, па ја уловија додека се бакнува со познатиот заводник: Ќерката на Џони Деп уловена во неверство?!

Се зборуваше дека се смирила со поранешниот, па ја уловија додека се бакнува со познатиот заводник: Ќерката на Џони Деп уловена во неверство?!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Иако сите мислат дека ќерката на Џони Деп и Ванеса Парадис, Лили Роуз Деп е повторно во врска со поранешното момче, се испостави дека запловила во романса со заводникот од „The Carrie Diaries“, Остин Батлер.

Лили Роуз Деп е ќерка на некогашната двојка, актерката Ванеса Парадис и актерот Џони Деп.

Манекенката со необична убавина иако има само 22 години веќе е големо име во светот на модата, и покрај гласините дека ја купила кариераа, односно дека е успешна само затоа што е дете на познати родители.

Имено, иако не може да ѝ се оспори убавината, факт е дека нејзините престижни кампањи и насловни сттраници ѝ беа сервирани на чинија поради нејзиното познато презиме, па затоа не мораше да работи напорно за нив, исто како и нејзините колешки Кендал Џенер, сестрите Хадид, Каја Гербер и многу други.

Извор: FELIPE RAMALES / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

Лили, исто така често беше мета на критика и поради својот изглед, а страниците на магазините ги полнеше и со своите разголени креации. Сега е повторно во центарот на вниманието, но поради љубовниот живот.

Иако се сметаше дека Лили е слободна, се испостави дека во тајност ја држи врската со Остин Батлер, актерот кој се прослави по улогата во „The Carrie Diaries“. Папараците неодамна ги уловија додека разменуваа страствени бакнежи и прегратки во јавност.

Извор: BACKGRID / BACKGRID UK / PROFIMEDIA

Двојката не се воздржуваше ниту еден момент додека разменуваше нежности и не обрнуваше внимание на љубопитните погледи на случајните минувачи.

Инаку, Лили Роуз пред него се забавуваше со актерот Тимоти Шаламе, а кога се појавија гласини дека манекенката повторно има некој, сите автоматски помислија на нејзиното поранешно момче.

Извор: ERIC CATARINA / STARFACE / PROFIMEDIA

Во април оваа година, потврдија дека се „повторно заедно и никогаш посреќни“ и затоа новите фотографии со Остин дојдоа како гром од ведро небо, бидејќи никој не знаеше дека Лили и Тимоти повеќе не се заедно.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: