Се зборуваше дека спијат со мајка им во брачниот кревет: Како изгледаат денес синовите на Селин Дион!
Селин Дион е
полна со контроверзии: од врска и брак со Рене, до односот со сега веќе
возрасните синови
Селин Дион и нејзиниот сопруг Рене, кој почина на 14 јануари 2016 година на 74-годишна возраст, заедно го имаат синот Рене - Чарлс (21) и близнаците Еди и Нелсон (11).
На 25 јануари најстариот син на Селин Дион, Рене - Чарлс, го прослави својот 21 роденден, а таа го одбележа со трогателна порака на Инстаграм.
По шест третмани за ин витро оплодување, Селин и нејзиниот сопруг ги добија близнаците Еди и Нелсон. Еди го добил името по Еди Марнеј, француски текстописец, а Нелсон го добил името по Нелсон Мандела. И покрај тоа што имаат само 11 години, близнаците знаат и француски и англиски.
Селин на својот Инстаграм профил постојано споделува фотографии со своите синови, а можете да видите колку време поминуваат заедно и колку емотивно се поврзани, особено по смртта на нивниот татко Рене.
Да потсетиме, пејачката и Рене Ангелил се запознале кога таа имала 12, а тој 38, а многумина биле шокирани од тврдењата дека нивната љубовна приказна наскоро започнала. Селин никогаш не криела дека со сопругот го доживеала првото сексуално искуство во животот.
Романсата започнала сосема неочекувано. Нејзината мајка испратила снимка од песна која Селин ја напишала и ја пеела на 38-годишниот менаџер и продуцент Рене Ангелил. Рене во тоа време бил музички менаџер, а пред тоа и пеел.
Селин инсистирала дека ништо не им се случило на љубовен план додека била малолетна. Двајцата „официјално“ станаа пар кога Селин наполни 19 години. Рене ѝ беше голема поддршка на Селин во текот на нејзината кариера, а тој не успеа да победи во борбата против ракот на грлото.
Инаку, Селин за кратко време по загубата на сопругот Рене, го изгуби и братот. Лошите вести не застануваат тука бидејќи поради болен мускулен спазам, Селин повторно е принудена да ја одложи својата американска турнеја, а нејзиното враќање на сцената ќе потрае подолго отколку што се надеваше.
Инаку, се зборува дека Селин боледува од некакво нарушување во исхраната, булимија или анорексија, бидејќи нејзината тежина е преполовена. Таа неколку пати демантираше и објави дека е слаба бидејќи се занимава со балет.
Што се однесува до нејзините синови, Селин направи вистински бум со тоа што изјави дека по смртта на Рене, нејзините синови спијат со неа во брачниот кревет, бидејќи само така секој може да ја преболи големата загуба со која се соочува.