Седи дома и научи корејски: Момците од БТС објавија онлајн лекции за обожавателите

Седи дома и научи корејски: Момците  од БТС објавија онлајн лекции за обожавателите

Објавена во: Stars // Музика

За време на пандемијата коронавирус, кога се советува да останеме дома и да избегнуваме контакти со други луѓе, бројни ѕвезди на свој креативен начин ги изненадија своите обожаватели.

Па така некои ѕвезди на социјалните мрежи објавуваат live концерти, додека други објавуваат смешни видеа. Момците од К - поп бендот БТС се одлучија пак да објават веб серија во која им помагаат на обожавателите да го научат корејскиот јазик, додека седам дома.

„Постојат ограничени начини како можеме да им помогнеме на фановите да научат корејски. Направивме медиум за учење на овој јазик за нашите обожаватели.“ - порачаа момците.

Доколку сте во можност, задолжително обидете се, а ОВДЕ може да ги најдете лекциите!


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: