Седум познати личности кои не заслужуваат да бидат популарни: Луѓето не разбираат зошто

Седум познати личности кои не заслужуваат да бидат популарни: Луѓето не разбираат зошто

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Изгледа дека на многумина не им е јасно зошто овие личности се толку популарни колку што се...

Изгледа дека денес е полесно токолку некогаш да станете позната личност и да се вброите во листата познати за кои се зборува, но за добар дел од нив, на луѓето не им е јасно зошто станале познати.

За нив се смета дека навистина не заслужуваат да бидат познати и да бидат третирани така. Бидејќи, тоа не би требало да биде така. Во ред е да ги сакаат луѓето кои ги сакаат, ако имаат причина, но не би требало да се категоризираат како познати личност. 

На „Редит“ еден корисник праша: „Кои познати личност не заслужуваат да бидат популарни?“ и одговорите само почнаа да доаѓаат од сите страни. За овие познати личности се сложија најголем број на луѓе, а еве кои се одговорите.

# Џејмс Чарлс

Најмногу луѓе се сложија дека познатиот „мејк ап“ јутјубер не заслужува да биде популарен. Откако во последно време почнаа да се појавуваат обвиненија на Инстаграм им станува сè помалку драг на луѓето. Но, и понатаму е ултра популарен.

# Натпреварувачите во реални шоуа

Тие всушност немаат никаков талент освен тоа да започнат драма. И немаат никаков талент поради кој се популарни, освен тоа дека биле во реално шоу и победиле или се истакнале по некоја глупост. 

# Џејк и Логан Пол

Уште едни јутјубери за кои на никој не му е јасно зошто се познати. Браќата Пол се однесуваат грозно или барем така се прикажуваат на своите канали. И за разлика од Џејмс Чарлс, немаат никаков талент. Ги навредуваат и исмејуваат другите, поттикнувајќи ја младата публика која ги следи да троши пари на нивните „глупости“...

# Сериски убијци

Во последно време сериските убијци уживаат посебна популарност. Луѓето забораваат дека тие се всушност злосторници кои може да уништат животи, а снимањето на серии и филмови за нив е сè почесто. Како да се заборава на сите оние кои умреле поради нив и нивните семејства кои мора да живеат со тоа.

# Крис Браун

Насилник? Или пејачка ѕвезда? Или и едното и другото? Откако Крис ја претепа Ријана, беше обвинет за уште некои насилни испади, а сето тоа брзо падна во заборав и Крис повторно стана популарен пејач. Изгледа многу луѓе сепак не заборавиле и не им е јасно зошто тој е сè уште популарен.

# Сестрите Кардашијан

Сите се прашуваат зошто. Денес сите тие имаат свои успешни бизниси, но кога станаа популарни, тоа што го правеа не беше причина за толкава популарност, бидејќи и што се спомена и порано, тие се само уште едни ѕвезди на реални шоуа, без никаков талент кој го оправдува тоа.

# Адисон Реј

ТикТокерката која одеднаш стана и пејачка, и актерка и сопственичка на „мејк ап“ бренд. И ниту во една професија не е добра и луѓето масовно го критикуваат она што го прави. Не затоа што не ја сакаат, туку затоа што едноставно е лошо и не е добра во тие работи. Но, сеедно е популарна, како да е одлична актерка и врвна пејачка.


Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: