Седумнаесетмина живеат под еден покрив, а куќата им е како од магазин: Сѐ сјае и секоја перница е на своето место, а тајната е во ова

Седумнаесетмина живеат под еден покрив, а куќата им е како од магазин: Сѐ сјае и секоја перница е на своето место, а тајната е во ова

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Секој е задолжен за својот „хаос“

Сите деца делат соба со своите браќа и сестри кои се претежно на иста возраст, а во повеќето спални спијат две или три деца, иако мајката Кели вели дека целата куќа често е уредна, има денови кога сè не изгледа толку фантастично.

Сепак, Кели секојдневно добива планина од пораки и коментари со истото прашање: „Како е можно да имаш толку деца, а куќата да ти изгледа чисто и подредено?“

Секако, има одлична причина зошто сите ова ја прашуваат Кели – таа пред неколку недели направи кратко видео во кое покажа каде спијат нејзините деца и како изгледаат големите спални соби. Меѓутоа, бидејќи забележала дека многумина ги интересира одговорот на ова прашање, решила да ја открие својата тајна.

@momtomany15

Reply to @brittanybouldin19 #ourhouse #largefamily #bedroom #ourrooms #decoration

I Love You Always Forever (Edit) - Donna Lewis

Како сè изгледа зад камерата

- Често ми го поставувате ова прашање, па решив да ви кажам во што е „штосот“. Секој е задолжен за својот дел од спалната соба. Односно, секој го чисти нередот околу својот кревет. Секој ја става својата облека во корпата за перење.

Кели потоа објасни дека во повеќето спални соби спијат две или три деца. Само осумгодишната ќерка на Кели има своја соба бидејќи таа е единственото дете на таа возраст. Додека таа и нејзиниот сопруг ја делат својата соба со бебето Мекинли, кое има само четири месеци.

Не се сите деца нејзини

Кели има неколку посвоени деца, но не сака да открие кое дете е посвоено, а кое е нејзиното биолошко. Кога ја замолија да каже кое дете е биолошко, таа рече: „Во ред е да се праша, но едноставно не сакаме да им ставаме етикети. Сите тие се наши деца“.

Многумина во коментарите изразија задоволство од нејзиното родителство и уредниот дом.

„Зачуден сум што имате толку многу момчиња во собата и сè е чисто и уредно“, „Твојата куќа е беспрекорна. Изгледа како да е од списание“.

Но, Кели ги убедувала луѓето дека нејзиниот дом не е секогаш толку совршен, па во едно прилика напишала: „Тоа е вистинска борба. Понекогаш имаат лош ден, па целата неред го фрлаат зад креветот“.


Фото и Видео: ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: