Сега е вистинска „куќна девојчица“: 5-годишната Николија од Чикаго која е ѕвезда на Инстаграм почна да готви (ВИДЕО)

Сега е вистинска „куќна девојчица“: 5-годишната Николија од Чикаго која е ѕвезда на Инстаграм почна да готви (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сега е вистинска „куќна девојчица“...

Николија Вујовиќ од Чикаго на неполни 3 години, во екот на пандемија на коронавирусот, стана најмладата ѕвезда на Инстаграм, а видеата во кои на начин својствен за неа го коментира светот околу себе предизвикаа многу реакции на социјалните мрежи, па за брзо време собра неколку илјади следбеници.

Скоро 3 години подоцна, Николија, која се прослави под прекарот „Мамина куќна девојчица“, порасна, но и понатаму го воодушевува корисниците на Инстаграм со своите духовити коментари. Никако не смееме да го занемариме фактот дека и бројот на следбеници постојано ѝ расте.

Зимскиот распуст Николија го поминала кај семејството во Србија, каде ги посетила бабите, дедовците и остатокот од семејството, а престојот во татковината на нејзините родители бил можност за заедно со мајка ѝ, да почне и да готви некои традиционални српски специјалитети. Видеата од готвењето почнаа да ги објавуваат на Инстаграм, а како изгледа сето тоа, погледнете во видеата во продолжение:


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: