Сега можеш да дознаеш: Која боја е твоето име?

Сега можеш да дознаеш: Која боја е твоето име?

Објавена во: Совети // Тестови

Навистина забавно!

Овој тест бара само неколку секунди од твоето време, бидејќи се што треба да направиш е само да го напишеш своето име и ќе ја добиеш бојата која го претставува твоето име. За секоја буква од името ќе добиеш по една боја која ја претставува оваа буква.

Овој тест во последно време е апсолутен хит на Интернет и сите го пробуваат, бидејќи сакаат да дознаат која боја е нивното име. Станува збор за тест за синетезија, кој наводно е базиран на вистинска наука. А што е воошто синетезија? Синетезија е невролошки феномен на поврзување на сетилата, поради што некои луѓе гледаат звуци, можат да вкусат зборови или да имаат бои за одредени броеви, букви, денови во неделата, месеци... Синетезијата е всушност, релативно честа појава, а според некои студии секое десетто лице на планетата има некаква форма на синестезија. Некои од познатите признаа дека го имаат овој феномен, на пример Лорде и Били Ајлиш.


Бернадет Шеридан е жената која ја креирала страницата „Synesthesia.Met“ на која може да се провери бојата на името. Бојата се спојува со буквите по она како таа ги гледа. Кај личностите кои го имаат овој феномен не постои правило кое налага дека секој ја гледа истата буква со еднаква боја, како и Бернадет. Кликни на страницата, напиши го твоето име и дознај која боја е. Ќе ти се прикажат неколку бои, а скеоја од нив е една од буквите во твоето име.

Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: