Сега не би се заљубил во неа: Војаж проговори за разделбата, но ја искоментира и трансформацијата на Бресквица
На него не му се допаѓа...
Голема прашина се крена откако Михајло Веруовиќ Војаж и Анџела Игњатовиќ Бресквица раскинаа.
Обожавателите беа разочарани, на социјалните мрежи постојано се пушуваше за нивната разделба, а младата двојка вешто избегнуваше да зборува на оваа тема.
Многумина шпекулираа за причините за разделбата, а Војаж неодамна за првпат проговори за разделбата и откри дека Бресквица била таа што ја донела конечната одлука.
„Таа беше мојата прва љубов, таа љубов никогаш нема да има заборав. Тоа е љубов која на сите ќе им ја прераскажувам, како што се колнев во неа порано, тоа ќе продолжам да го правам, затоа што ми беше преубаво. Анџела е прекрасна личност и сакам да ѝ се заблагодарам што ми подари еден прекрасен период од животот и што го подели со мене, но животот оди понатаму“ - рече тој и додаде дека сѐ уште не е подготвен за нова љубов и дека сега е посветен на работата.
Војаж истакна дека не се чувствува повредено.
„Не сум повреден, но ми недостасуваат убавите моменти на кои се сеќавам и тоа е болно“ - рече Војаж и истакна дека никогаш нема да каже нешто лошо за Анџела.
Се пишуваше за бројните причини за разделбата на младата двојка, а Војаж сега ги демантираше сите, па рече дека за вистинските никогаш нема да зборува.
„Таа причина за разделбата сите ја сакаат многу, но од мојата уста никогаш нема да излезе, јас за тоа никогаш нема да зборувам“ - порача Војаж и потврди дека Анџела била таа што ја донела конечната одлука за да се разделат, како и тоа дека по разделбата се немаат слушнато, освен кога е во прашање работата, каде на состанок со менаџерката одлучиле да стават точка и на соработката.
Војаж исто така истакна дека по разделбата се чувствувал скршено, но дека сега е фокусиран на работата. Ја искоментира и физичката промена на Анџела и кажа дека тоа не му се допаѓа.
„Не верувам дека сега би се заљубил во неа доколку не сме биле заедно. Јас личност која ја привлекуваат работи кои не се „вау“. Кога ќе видам дека нешто е „вау“, веднаш можам да сфатам дека е исфорсирано. Анџела е преубава девојка, сигурно таа трансформација и стои супер, но мене тие работи лично не ми се допаѓаат“ - објасни Војаж во една емисија.