Сега се идентични: Кајли Џенер новата другарка ја претвори во самата себе
Иако зборува дека пријателките не се бираат на основа на изгледот, Кајли Џерер овие денови е на мета откако јавноста сфати дека нејзината нова најдобра другарка сѐ повеќе личи на неа.
Откако Џордин Вудс испадна од приказната, поради тоа што се гледала со момчето на нејзината сестра Клое, Тристан Томпсон, Кајли се пушти во потрага за нова најдобра пријателка.
Не и требаше многу време: од екипата брзо се издвои Стејси Караниколаоу која ја замени Џордин на фотографиите и покрај тоа што се знаат со години.
Нивното дружење датира од периодот кога Стејси изгледаше сосема поинаку, односно пред да почне да личи на Кајли.
Стејси неодамна го прослави 23 роденден кога покажа како од русокоса стана бринета. Иако операцијата не ја призна никогаш, промените се евидентни, а јавноста е убедена дека таа е новиот проект на Кајли Џенер.
Долго се зборуваше за тоа дека и Џордин имала таква улога и дека Џенер ја пратила на поправка на забите, но и на операција, за повеќе да личи на неа.
Дали Стејси решила да тргне по патот за да изгледа како Кајли Џенер, заклучете сами од фотографиите во продолжение.