Сека Алексиќ изненади: Не знам како да ги воспитам синовите, оставам сѐ на Вељко

Сека Алексиќ изненади: Не знам како да ги воспитам синовите, оставам сѐ на Вељко

Објавена во: Совети // Семејство

Изјавата на Сека Алексиќ беше мета на коментари

Сека Алексиќ не само што е една од најбараните пејачки, туку е и жена која успеа да го заштити своето семејство и полека, но сигурно да ги води синовите Јован и Јаков на вистинскиот пат.

Неколку пати видовме дека е посветена мајка, но кога е во прашање воспитувањето на децата, сите одлуки ги препушта на сопругот. Токму оваа изјава на Сека Алексиќ изненади многумина.

- Вељко е таткото кој ги воспитува нашите деца и за тоа сум му бескрајно благодарна, бидејќи навистина не знам како да го направам тоа. Премногу сум емотивно врзана за децата, не само за моите, туку воопшто. Тоа е многу чувствителна тема за мене, знаете дека долги години се борев за потомството. Во добра форма сум, сѐ што можам да им дадам, ќе им дадам, но секако дека не претерувам и секако се едуцирам колку што знам и можам.Сепак, мислам дека Вељко тоа го прави многу подобро од мене – откри таа во емисијата „Ексклузив“.

Изјавата на Сека Алексиќ предизвика поделено мислење во јавноста. Додека едни сметаат дека мајката е задолжена за воспитувањето на децата, други тврдат дека во тоа треба да учествуваат и двајцата родители и дека пејачката е апсолутно во право.


Извор: глориа.рс

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: