Секое утро си во дилема: Еве какво значење имаат твоите соништа?
Во соновите
секогаш нешто се случува, па затоа и се мегаинтересни. Но, какво значење имаат
сите тие чудни појави кои ти минуваат низ глава додека спиеш? Еве неколку
одговори...
Гол / а на училиште – чуваш некоја тајна и се плашиш дека наскоро ќе биде откриена. Се чувствуваш загрозено. Можеби ќе ти биде полесно доколку се довериш на некој што му веруваш – на пример на најдобрата другарка или на мајка ти.
Леташ – летање обично ја симболизира слободата, среќата, независноста... Твојот живот очигледно е потполно под контрола, ги држиш сите конци во свои раце и уживаш во секој момент. Моментално никој и ништо не може да ја спречат твојата среќа.
Некој те прогонува – нешто те мачи. Бидејќи не си успеала да се соочиш со тој проблем во вистинскиот живот, сонот ти служи како идеално место за бегство. Но, тоа не е добро. Размисли малку кој проблем конкретно те мачи, а потоа концентрирај се на тоа да го решиш додека си разбудена – за ноќите да имаш мирен сон.