Секогаш кога ќе почувствува глад, има еден трик: Како Анастасија Ражнатовиќ ослабе 20 килограми?
Младата пејачка никогаш не криела дека порано имала проблем со вишокот килограми.
Анастасија Ражнатовиќ е една од најпопуларните српски млади пејачки, а благодарение на многубројната публика и следбеници на социјалните мрежи секој нејзин чекор е посебно следен.
Не е тајна дека Анастасија како тинејџерка имала проблем со вишокот килограми, за тоа зборува отворено, а најизразено било кога престојувала на Кипар без мајка си.
- Празнината што ја чувствував бидејќи не бев со мајка ми ја надоместував со огромни количини храна, па се здебелив дури 20 килограми. Не зборував со никого за работите што ме мачат, само јадев. И нездрава храна - грицки, хамбургери, газирани пијалаци... Живеев така шест месеци - почна таа.
- И тогаш се здебелив многу. Тетка ми беше во шок, не можеше да поверува дека сум јас. Кога се вратив во Белград ѝ рекла на мајка ми: „Анастасија многу се здебели.“ Мајка ми ѝ одговорила: „Не е, ја гледам преку видео повиците. Можеби малку, но таа брзо ќе ги симне килограмите.“ По половина година дојдов во Белград во кратки шорцеви и панталони, и сè на мене пукаше. Мама се шокираше: „Црно дете, што направи од себеси?“ Јас пукав од самодоверба и со 20 килограми повеќе ѝ реков: „Добро мамо, што сега... малку се здебелив.“
Анастасија со текот на времето сфатила дека мора да ослабе и била упорна во својата одлука, па сега изгледа фантастично.
- Процесот на слабеење траеше долго, две-три години. Оттогаш се плашам да се вратам на старите навики. Затоа, штом ќе се здебелам, веднаш почнувам да внимавам што јадам. Ја исклучувам нездравата храна и се трудам да не прескокнувам оброци. Најмногу јадам готвени оброци, а генерално избегнувам ресторани за брза храна. Ако јадам нешто слатко, веднаш одам на тренинг за што побрзо да согорам калории. Клучот за добриот изглед е дефинитивно во редовното вежбање – откри еднаш пејачката.
Менито на Анастасија:
ПОЈАДОК: Овесна каша со црвено овошје
РУЧЕК: Риба и зелена салата
ВЕЧЕРА: Потаж од тиква
Трик совет: „Секогаш кога ќе почувствувам глад, пијам вода со лимон и желбата за храна брзо поминува“.
извор:GLOSSY