„Секој ден со тебе ми е „Денот на вљубените“: Раста ја изненади девојката, ѝ купи подарок, а ова го пишувало на пораката
Стефан Ѓуриќ Раста веќе извесно време ужива во врската со Марија Балабан, а сега покажа какво изненадување и приредил.
Бидејќи вчера беше Денот на вљубените, Раста со едноставни, но одлични работи покажа колку ја сака својата избраничка. На огледалото во бањата ја чекаше порака која ги воодушеви сите.
- За мене секој ден со тебе е “Ден на вљубените“! Те сакам најмногу – стои во пораката залепена на огледалото.
Покрај тоа, тој и подарил прекрасен букет црвени рози кои ја чекале на масата.
Инаку, Марија и Раста се веќе во долга врска, а сите забележуваат колку музичарот е весел и среќен откако е со неа.
Фото:screenshot/instagram