Секој пол има една која го привлекува: Која боја на очи најмногу ги привлекува момците, а која девојките?
А, каква боја се твоите очи?
Кога ќе прашаш некој што најпрво забележува на спротивниот пол, најчестиот одговор се очите и насмевката. Изгледа дека постои боја на очи на која момците најчесто паѓаат, но и боја на која се слаби девојките.
Бојата на очите може да влијае на тоа дали некој ќе ти се допадне или не. Иако изгледа како ситница, всушност може да биде од помош, ако случајно ја имаш онаа боја на очи на која паѓа личноста која ти се допаѓа. Некој сака луѓе со сини очи, некој со зелени, а на некој тоа му е сеедно.
Ова е една од оние работи каде секоја личност има своја преференција за тоа што ѝ се допаѓа. Сепак, спроведено е истражување за да се види која боја на очи ги превлекува момците, а која девојките. Изглегува дека секој пол има една боја на очи која особено ќе ја освои, пишува „Best Life Online“. Тоа не значи дкеа сите момци паѓаат на девојките со таа боја на очи, но дека поголемиот број од нив секако. Добрата работа е што денес доколку не ти се допаѓа твојата боја на очи, со леќите во боја можеш лесно да ја промениш.
Девојките најмногу ги привлекуваат момци со сини очи.
Сигурно многу девојки ќе се сложат со оваа констатација. Има нешто во сините очи и околу тоа се согласуваат повеќето дами, барем така тврди истражувањето. Истражувачите мереле колку луѓе со секоја боја на очи ќе добијат „мечување“ на апликациите за запознавање, по што синооките момци воделе против сите други. Тие добиле 47 „мечувања“ од можно 173, што било најмногу.
Момците најмногу ги привлекуваат девојки со кафени очи.
Е, ова сигурно не го очекувавте. Обично овие очи не се толку во фокус, но момците покажаа дека токму тие најмногу им се допаѓаат. По тоа, испадна дека најмалку им се допаѓаат девојките со зелени очи.