Секој треба да го прави она што е најдобро за него: Мајли Сајрус упати силна порака

Секој треба да го прави она што е најдобро за него: Мајли Сајрус упати силна порака

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачката и актерка Мајли Сајрус во интервјуто за „Apple Music“ откри дека западнала во криза поради карантинот за време на пандемијата, но дека сега две недели е трезна.

„Јас, како поголемиот број на луѓе, за време на пандемијата паднав. Сфатив дека паднав, но успеав да ја вратам трезвеноста. Сега сум трезна две недели и прифаќам сѐ“ - вели пејачката.

Таа рече дека не се насочува кон моменталниот губиток на волја и дека продолжила да оди право напред.

„Реченицата до која се држам е „не биди бесна, биди љубопитна“. Затоа не се лутете на себе, туку запрашајте се што се случило“ - кажа пејачката.

Таа додаде дека не мисли дека секој треба да биде трезен, но дека секој треба да го направи она што е најдобро за него.

„Јас немам проблем со пиењето, но јас имам проблем со одлуките кои ги носам кога ќе поминам едно ниво. Само сакам постојано да бидам 100% свесна“ - заклучи Мајли Сајрус.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: