Секоја песна му беше хит: Кои се најпознатите песни на Ламбе Алабаковски?

Секоја песна му беше хит: Кои се најпознатите песни на Ламбе Алабаковски?

Објавена во: Stars // Музика

Додека на македонската музичка сцена секојдневно се појавуваат нови имиња, кои добро ќе се докажуваат и борат за своето место, никако не смееме да ги заборавиме оние кои оставиле свој печат со своите песни. Тука се Тоше Проески, Каролина Гочева, Јован Јованов, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Димитар Андоноски, Ламбе Алабакоски и многу други. Секој од нив на свој начин се обиде да допре до публиката и да ја освои своја група на обожаватели - некој уште како дете, друг преку учество на фестивали, трет пак преку музички натпреварувања, но едно е сигурно - сите имаат песни кои веќе можеме да ги вброиме во евергрините на македонската музика и кои со сигурност ќе бидат пеени од уште многу генерации.

Не залудно во оваа листа е и Ламбе, момчето од Љубојно кое во 2004 година победи во музичкото натпреварување кое го организираше М2 продукција. Истата година го објави и неговиот прв сингл „Спаси ме“, кој уште во првите денови стана хит.


Иако долги години не живееше во Македонија и беше во музичка илегала, како бомба одекна веста дека Ламбе се враќа на музичката сцена. Имено, тој изминатите години живееше и работеше во Соединетите Американски Држави, заедно со неговата сопруга и двата сина.

„Многумина ме прашуваат за музиката и мојата кариера, ќе кажам само дека сето тоа е ставено во мирување но не е сосема напуштено, ние сме фамилјарно и сега опкружени со песна! Можам слободно да кажам едно дека можеби сум овде физички присутен но срцето и душата ми се во Македонија!“ - кон крајот на 2020 година откри Ламбе за Женски магазин.

Денес работите се поинакви и тој реши да се врати во својата татковина и да ја разбуди својата музичка кариера од „зимскиот сон“. За тоа доказ се и бројните интервјуа кои ги даде изминатите денови, а како најдобар доказ за сето тоа е и тоа што беше дел од концертот „Засекогаш во срцата“, кој се одржа во Битола и кој беше одржан во чест на музичките легенди Тоше Проески и Аки Рахимовски.

Настрана новиот почеток и успесите кои следуваат, решивме да ве потсетиме на некои од најпознатите песни на момчето кое пред 18 ја освои македонската јавноста.

# „Врати ми го срцето“


# „Море од солзи“


# „Да не те љубев“


# „Бело е се“


# „Ќе те чекам јас“


Р. Х.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: